Притисок врз активист на опозицијата

Оливер Манасиев, доктор-стоматолог, од Кочани, кој е и единствен орален хирург во Источна Македонија, е под постојан политички притисок на власта. Неговата приватна стоматолошка ординација, секојдневно е на удар на инспекции и на разни притисоци. Причина за тоа, како што и навел на соработничката на ЦИВИЛ Медиа, граѓанска новинарка од Кочани, е неговото членство во Извршниот одбор на опозициона партија во градот.

13101317_1296270857056899_990541504_nКако што објаснува стоматологот, и покрај тоа што е орален хирург, со приватна специјализација која сам си ја платил, Министерството за здравство не му дозволило да склучи договор, за да може да ја врши својата дејност, како орален хирург, и сега работи како општ стоматолог.

13059500_1296271220390196_249726573_n

Манасиев, тврди и дека токму затоа што е опозиционер, нема можност да аплицира до пристапните фондови, а не му следуваат ниту бенефициите од субвенционирано вработување, што би му помогнало да го зголеми бројот на вработени во ординацијата.

Христина Илијева

civiv-lenses-logo-en-copyОваа содржина се објавува во рамките на третиот круг од натпреварот „Биди граѓански новинар“ на проектот Граѓански објектив на ЦИВИЛ, поддржан одNational Endowment for Democracy. Содржината на овој прилог е минимално редактирана од редакцијата на ЦИВИЛ Медиа, соодветно на концепцијата на проектот и на веб страницата.

Print Friendly, PDF & Email