Поднесувајте приговори, пријавувајте нерегуларности и повреда на гласачкото право

Граѓанките и граѓаните, како и кандидатите за градоначалници и носителите на советничките листи на локалните избори, имаат право да поднесуваат приговори до Општинските изборни комисии во општините каде што живеат или директно до Државната изборна комисија денеска, до полноќ.

ЦИВИЛ ги повикува граѓанките и граѓаните да го искористат правото на приговор, а воедно да го известат и ЦИВИЛ за својот приговор.

Околу 150 граѓанки и граѓани не можеа да го искористат своето право на глас на 15 октомври, затоа што не биле на Избирачкиот список. Тоа е повреда на правото на глас и спротивно на препораките од ОДИХР.

ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани да пријават било каква повреда на нивното право на глас или изборни нерегуларности на онлајн формуларот www.slobodniizbori.info или на мејл [email protected]. Телефони: 02 / 5209 176, 071 608 523, 078 / 746 138.

Исто така, ЦИВИЛ ја информира јавноста дека на веб страниците www.civilmedia.mk на македонски и www.drejt.mk на албански јазик, се објавуваат информации и извештаи од изборниот мониторинг на ЦИВИЛ и други информации важни за граѓанките и граѓаните. Споделувањето на социјалните мрежи и преземањето на тие содржини е дозволено (според лиценцата Creative Commons) и добредојдено.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish