Овој ден е мрачен потсетник на полициската бруталност

На годишнината од смртта на Мартин Нешковски Цивил упатува изрази на поддршка до семејството да истрае во болката и борбата за правда.

Овој ден е тажен и мрачен потсетник на полициската бруталност, кршењето на човековите права и слободи и арогантното однесување на институциите - состојби кои во Македонија станаа хронични и масовни.

Правдата за убиството на Мартин Нешковски е само делумно задоволена, особено поради обидот да се скрие од јавноста од страна на институциите на државата.

Стоп за полициската бруталностОва убиство, притисоците и манипулациите врз организаторите на мирните протести „Стоп за полициската бруталност“ и низа други, како и односот на институциите и политичките центри на моќ кон основните права и слободи на граѓан(к)ите е неприфатлив и му нанесува несогледливи и долгорочни штети на македонското општество и ги поткопува фундаментите на демократијата.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian