„Општество без граници“ во Скопје

ЦИВИЛ – Центар за слобода денеска во Скопје, кај преминот „Палета“, со почеток во 12 часот,  ќе ја промовира Граѓанската повелба – глобален документ за унапредување на граѓанските права и за активно учество на граѓаните во процесите на одлучување. на светско и на национално ниво.

Граѓанките и граѓаните на инфо – штандот на ЦИВИЛ ќе можат  да добијат информативни и едукативни материјали, како и да се приклучат кон поддршката за Повелбата, преку потпишување на изјава за поддршка или со учествување во фото и видео-петицијата.

ЦИВИЛ беше една од првите 50 организации – потписнички на „Граѓанската повелба“ на светско ниво и ќе биде носител на промотивните и едукативните активности за Повелбата во Македонија.

Проектот Општество без граници, ЦИВИЛ го спроведува со поддршка на германската Фондација „Хајнрих Бел“.

Print Friendly, PDF & Email