Нови "информативни" разговори во Битола!

Продолжуваат притисоците во форма на “информативни разговори” врз граѓанските активисти во Битола! Денеска на разговор во СВР Битола, бил повикан Иван Чулаковски, од граѓанското здружение “За нас се работи”, и член на "Битолското движење".

10390338_1244674172214363_8631478387328934929_n

Во разговор за ЦИВИЛ Медиа, Чулаковски зборуваше за причините поради кои, тој е еден од повиканите во полициска станица. “Инспекторот кој го водеше информативниот разговор, ме извести дека сум повикан поради фрлање на боја врз зградата на Општина Битола, која била 'културно наследство', и според Кривичниот закон, член 243 став 2, тоа е кривично дело. На прашањето дали сум фрлал боја на 17-ти мај, за што наводно имале снимки и фотографии, истакнав дека конкретно на тој ден не се сеќавам, но секако фрлав боја неколку пати, и не планирам да го кријам тоа. Следно, случајот ќе биде префрлен во Јавното обвинителство, и оттаму ќе одлучеле што е следно”, објаснува Чулаковски.

13221390_969289029856233_8197256741745070212_o

“По 'информативниот' разговор, на што гледам како на притисок, и ништо повеќе,  не планирам да престанам да протестирам секојдневно, како и досега. Тоа што градоначалникот Владимир Талески и го направи на Битола, е толку страшно, што не може ни да се спореди со тоа што битолчани и го прават на општинската зграда - наводно културно наследство ”, порача Чулаковски.

Print Friendly, PDF & Email