Бели гулаби и шарени балони за слобода и победа над фашизмот

Бели гулаби и шарени балони како симболи на борбата за слобода и борбата против фашизмот, се вивнаа над Прилеп, на денешниот протестен марш на Шарената револуција. Демонстрантите положија и цвеќе пред меморијалниот музеј „11 Октомври“ во центарот на Прилеп, во знак на почит кон борците од НОБ.

„Немој да се плашите, напред, уште малку остана, издржете, ќе победиме! Да живее Македонија!“ - порача историчарот Илија Велкоски, еден од говорниците на вечерашното одбележување на победата над фашизмот.
Моника Талеска
Print Friendly, PDF & Email