Ненасилството е наша трајна определба

Втори октомври, роденденот на Махатма Ганди, човекот кој го доведе индискиот народ до независност со ненасилни методи, Организацијата на Обединетите Нации го прогласи за Ден на ненасилството.  Во Резолуцијата на ООН од пред осум години, пишува дека овој меѓународен ден треба да биде повод за ширење на пораката за ненасилство, преку едукација и кревање на јавната свест. „Со оваа резолуција се реафирмира ’универзалната релевантност на принципот на ненасилство’ и желбата ’да се обезбеди култура на мирот, толеранцијата, разбирањето и ненасилството’“, пишува на веб-страницата на ООН.

Феноменот на победата над тогашната британска воена веле-сила со ненасилни методи, Ганди и индискиот народ го постигнаа во време кога западниот свет ги сметаше за нецивилизирани. Но, се случи, тие да добијат војна на начин кој се смета за врв на цивилизацијата.

Еден век подоцна, во новиот милениум, светот речиси се наоѓа во трета светска војна и се соочува со милиони бегалци од своите домови. И Македонија се најде во патешествието на бегалците. Кои, во една прилика наидоа на нашата насилна полиција.

Во ова „цивилизирано време“, во Македонија се соочуваме со континуирано структурно насилство, а култот кон насилство во општеството е во пораст, за што во најголем дел се должи на политиките и практиките на власта која често и отворено го промовира насилството.

ЦИВИЛ – Центар за слобода, од своите зачетоци, се ангажира во промовирање на мирот и ненасилството. Тоа е наша искрена заложба и ја споделуваме со огромен дел од нашите сограѓанки и сограѓани.

Print Friendly, PDF & Email