НЕДОРАЗБИРАЊЕ ОКОЛУ ИЗГРАДБА НА ОБЈЕКТ ВО ВЕВЧАНИ

Иако станува збор за недоразбирање и се утврди дека објектот не претставува провокација кон жителите на соседното село Подгорци, сепак останува проблемот на нелегална активност на актуелен градоначалник во време на изборна кампања

Цивил – Центар за слобода, при една од работните посети во градовите од Западна Македонија, во понеделникот, 11 март, доби информација дека во месноста Вевчани се гради објект, кој бил повод за недоразбирања и тенизја меѓу локалните жители.

Vevcani_20130311_1Ден претходно, објектот свечено бил пуштен во изградба и симболично бил поставен камен темелникот.  Беше  се уште шпекулација, се до моментот кога се упативме кон Вевчани.   Дека се изведува некоја градежна работа, се уверивме веднаш штом патот од Струга не одвои кон селата Вевчани и Подгорци. Очигледно беше дека се работи за впечатлив објект, и секако првите сознанија ги обезбедивме од самите градежни работници.

Тие ни се претставија како приватна градежна фирма, која досега изведувала повеќе објекти во овој регион, меѓу кои Охридската болница, хотелот “Виа Игнациа“ во Вевчани и други.  “Овој пат работиме на капија, тоа е подолго време планиран проект на Општината и треба да симболизира “Добредојде“  во истата“, ни потврдија работниците, патем и жители на селото.

Поставувањето темел и конструкции за 5-метарски, бетонски столбови, поттикна негодување кај жителите на соседно Подгорци, за кое вусшност се оди по истиот оној пат кој води кон Вевчани, кои не биле на време информирани за овој проект, а уште по иритирачки го сфатиле чинот на почеток на изградба, без нивно знаење.

Кај жителите на Подгорци, инаку етнички мешано село, се појавил страв дека некој можеби им го попречува патот кон полето, дека некој сака да ги изолоира.  “Што е ова? Личи на царина!“, или “Да не е ова уште некоја црква, или друг религиозен храм, а нас никој не ни кажал дека ќе се гради?“ - биле првите реакции и дилеми на мештаните. Тоа ни го потврдија и самите градежници, кои ја оправдаа оваа градба како обележје на Вевчани, кое станува се поголема туристичка атракција.

Vevcani_20130311_3На наше задоволство, како овие податоци би добиле на релевантност, самиот градоначалник на Вевчани Перо Илиески ни потврди дека изградбата на овој проект подолго бил во општинската агенда. Околу  паниката и незадоволстсвото кај сожителите  што не биле известени, рече накнадно телефонски ги информирал за деталите и значењето на градбата.

Единствено што останува дилема е, дали е ова соодветно време за градење и изведување вакви објекти. И зошто не биле сите подеднакво информирани уште додека овој проект бил идеја?

Во чувствително време на предизборие, кога политичарите и партиите се наклонети повеќе кон себепромовирање и ветувања, некои од граѓаните еден потег може да го доживуваат како поттик, напредок, додека други како поткупување и провокација.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish