„Напред!“ во Центар

Тимот на ЦИВИЛ - Центар за слобода, денеска во општина Центар, на улицата „Македонија“, го презентираше проектот „Напред!“ Поделени беа повеќе од 500-тини примероци со информативни содржини, за можноста што ја нуди проектот „Напред!“, за набљудување на претстојните, предвремени парламентарни избори.

DSCN6930

Скопје, 28-ми март 2016

Скопјани покажаа голем интерес за можностите да бидат дел од тимот на набљудувачи на ЦИВИЛ. Претставниците на ЦИВИЛ, разговараа со минувачите на повеќе теми поврзани со политичката криза во државата. Дел од соговорниците пријавија изборни нерегуларности и неправилности во Избирачкиот список. Скопјани имаа можност и да се сликаат за фото-петицијата: “И јас сум за слободни избори”.

Со стотици акредитирани набљудувачи, над 1.000 граѓански набљудувачи и врвен тим на аналитичари и експерти, „Напред!“ е проект за долгорочен мониторинг на изборниот процес, набљудување на денот на изборите, едукација и јакнење на јавната свест за правата на гласачите.

Проектот „Напред!“ се спроведува на национално ниво во 14 регионални центри на ЦИВИЛ и е финансиран со германски средства од Пактот за стабилност на Југоисточна Европа.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian