„Напред!“ во Ресен, Струга и Другово

Двата мобилни тима на ЦИВИЛ - Центар за слобода, викендов го промовираа проектот за набљудување на изборите “Напред!”, и во Ресен, Струга и Другово.

Ресен, 28 февруари 2016

Ресен, 28 февруари 2016

Кратката посета на центарот на Ресен, ЦИВИЛ ја искористи за да разговара своите соработници, активисти од ресенските невладини организации. На граѓаните им беа поделени  стотина триплети со информативна содржина за проектот Напред!, а ресенчани со кои активистите на ЦИВИЛ разговараа на градскиот плоштад, ги добија потребните информации за можноста да бидат краткорочни и долгорочни набљудувачи, и за начинот на аплицирање и стекнување на статусот лиценциран набљудувач.

Другово, 28 февруари 2016

Другово, 28 февруари 2016

Во Другово, седиште на некогашната општина со огромна територија, која сега е дел од кичевската општина, првиот тим на ЦИВИЛ разговараше со малкутемина жители со коишто се сретна, во недела напладне. На понудата да бидат граѓански набљудувачи на престојните избори, дел од соговорниците побараа и по неколку триплети, со образложението дека: "Сите ќе аплицираме, оти сите сме невработени!" Во малите продавници во Другово соговорниците беа изненадени од посетата на активистите на ЦИВИЛ, на кои резигнирано им истакнаа дека се заборавени од локалната и централната власт, и дека тоа особено се одразува врз животот на младите, кои сé почесто го напуштаат Другово.

12764717_914445285340608_8207906752953756981_o

Струга, 28 февруари 2016

Истовремено, вториот тим на ЦИВИЛ беше во посета на општина Струга. На трите главни улици, на шеталиштето и на градскиот плоштад, поделени беа неколку стотици триплети на македонски и на албански јазик. Стружани со кои ЦИВИЛ разговараше, беа  заинтересирани да бидат набљудувачи, но дел од нив изразија неверување дека предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 5-ти јуни.

Print Friendly, PDF & Email