„Напред!“ повторно меѓу скопјан(к)и!

Активисти на ЦИВИЛ – Центар за слобода, денес напладне, на скопскиот плоштад „Македонија“ делеа информативен материјал и разговараа со граѓанките и граѓаните за можноста да станат дел од мониторинг-тимовите на ЦИВИЛ за изборно набљудување, во рамки на проектот „Напред!“

_dsc0203

Граѓанките и граѓаните на Скопје се заинтересирани за можноста да придонесат за одржување на фер и демократски избори на 11-ти декември.

Во овој предизборен период, ЦИВИЛ ги интезивира своите активности за изборен мониторинг, преку мобилизација на краткорочни и долгорочни набљудувачи, како и на мобилни мониторинг тимови низ целата земја.

_dsc0220

Проектот „Напред“ е поддржан од Амбасадата на Германија во Македонија.

М.И.

 

Print Friendly, PDF & Email