На говорот на омраза продолжува да се укажува, а не да се казнува

Јавната седница на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, и покрај укажувањата на Горан Гаврилов од Канал 77, дека според член 9 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, јавните расправи не служат за презентирање на работата на Агенцијата, туку за "да им овозможи на сите заинтересирани страни, да ги изразат нивните ставови и мислења по однос на развојот на аудио и аудиовизуелните медиумски услуги во Република Македонија", сепак, се претвори во Power Point презентација. 

13522614_10153879735028740_1842894283_n

Просторот што на крајот од јавната седница беше предвиден за изразување и на ставови, се одвиваше без присуство на директорот на Агенцијата, Зоран Трајчевски, кој си замина кратко по почетокот на седницата, и не беше тука да одговори на прашањата од присутните.

13521153_10153879734943740_64311437_n

На прашањето на ЦИВИЛ Медиа, кое се однесуваше на отсуството на санкција за говорот на омраза во медиумите, од Агенцијата одговорија дека не можат да кажат дали ќе има промена на Законот во тој поглед, и дека за тоа надлежни се Министерството за информатичко општество и администрација. Сепак, како што велат, тоа не значи дека нема да продолжат да ги следат медиумските содржини и да укажуват и реагираат доколку се забележи користење на говор на омраза.

М. Теговска

 

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian