МВР вработува партиски војници!

Министерството за внатрешни работи веќе неколку месеци, интензивно вработува партиски војници во својот состав, според информациите од теренот и извештаите на мониторинг тимовите на ЦИВИЛ – Центар за слобода.

Според изворите на ЦИВИЛ, во три поголеми општини во Република Македонија се вработиле повеќе десетици лица со партиска книшка од владејачката партија. Освен партиската припадност, дополнителни „критериуми“ за вработување во МВР се и роднинско-пријателските врски со функционерите на власт.

ЦИВИЛ располага со податоци за вработувањата во секоја од трите општини, но засега, не ги соопштува деталите за оваа операција за да ги заштити своите извори.

Воедно, се бележат вработувања, како и зголемен притисок врз вработените во администрацијата, кои во последните неколку месеци се ставени во функција на политичката пропаганда на владејачките структури.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian