Мултимедијален настан на ЦИВИЛ за слободни избори

ЦИВИЛ - Центар за слобода, организира мултимедијален настан „За слободни избори“ денеска, од 14 до 21 часот во ГЕМ и Менада, Стара Чаршија.

14 001

Илустрација: Мирослав Стојановиќ

На овој мултимедијален настан се поканети бројни познати лица од јавниот и општествениот живот, кои ќе бидат дел од видео спотот посветен на гласачкото право и потребата од слободни избори. Дел од гостите ќе бидат поканети да го споделат и својот музички вкус со присутните.

Секој што ќе дојде во Менада и ГЕМ денеска, ќе има можност да зборува, прочита или рецитира на отворениот микрофон. На програмата се видео проекции кои гостите ќе имаат можност да ги гледаат на некој од мониторите или на платното за проекции.

Во близина на „Менада“, на платото на УЈИЕ, ќе биде поставен информативен штанд на кој граѓан(к)ите ќе добијат информации за своето гласачко право и ќе можат да споделат информации за притисоците и злоупотребите со кои се соочуваат.

ЦИВИЛ организира и фото-петиција каде граѓан(к)ите ќе можат да испратат порака ЗА СЛОБОДНИ ИЗБОРИ.

Овој мултимедијален настан е дел од заложбите на ЦИВИЛ – Центар за слобода, Македонија да стане пристојно место за живеење, во кое ќе владее правото, демократијата и сите граѓани ќе бидат еднакви. Настанот е во рамките на проектот „Моето гласачко право“.

Print Friendly, PDF & Email