Граѓан(к)ите за слободни избори

Мултимедијалниот настан ЗА СЛОБОДНИ ИЗБОРИ што ЦИВИЛ го организираше во средата, на 28 октомври, во „Менада“, започна порано од предвиденото. Со поставувањето на инфо штандот ЗА СЛОБОДНИ ИЗБОРИ во 13:30 часот, започна и пристигнувањето на првите гости кои дадоа кратки изјави за потребата од вклучување на граѓан(к)ите во процесот на создавање услови за фер и демократски избори. Целиот настан беше проследен со добра музика, едукативни видео проекции, изјави за медиуми и низа други активности.

Како дел од заедничкото дружење беше фотопетицијата ЗА СЛОБОДНИ ИЗБОРИ на која сите гости во „Менада“ имаа можност, заедно со ЦИВИЛ,  да ја рашират пораката за фер, слободни и демократски избори, онака како што заслужуваме, потенцирајќи дека во нашиот глас е нашата моќ.

Во ова време на длабока политичка криза во Македонија, ние во ЦИВИЛ дојдовме до идеја да ги поттикнеме граѓаните и граѓанките на активно вклучување во процесот на демократизација и создавање услови за ФЕР и СЛОБОДНИ ИЗБОРИ.

Голема благодарност до Савка Тодоровска, Кочо Андоновски, Мирјана Најческа, Томислав Кежаровски, Идриз Амети, Ѓорѓе Јовановиќ, Емра Куртишова, Уранија Пировска, Артан Садику, Бранка Костиќ Марковиќ, Сања Арсовска, Симона Спировска, Синоличка Трпкова, Суад Мисини, Сашо Ристовски, Огнен Јанески, Љуљета Адеми, Јован Постолоски, „Шутка Рома Рап“, Џелал Хоџиќ, Албулена Карага, Ана Битољану, Срѓан Јаниќиевиќ, Васко Лазаревски и сите граѓански активисти, поддржувачи на ЦИВИЛ и слободоумни луѓе кои беа дел од журката во име на слободата.

Нивниот придонес во борбата за правото, еднаквоста, слободата и демократијата се од огромно значење во надминувањето на стравот и охрабрувањето на граѓан(к)ите активно да се вклучат во мониторирањето на сите нерегуларности кои го ограничуваат спроведувањето на изборните процеси и слободното гласање.

Мултимедијалниот настан е дел од проектот „Моето гласачко право“.

Фото: Биљана Јордановска

Print Friendly, PDF & Email