„Метаморфозис“: Стравот за гола егзистенција ги пасивизира граѓаните

Нерешените егзистенцијални проблеми се најчеста причина за граѓанска неактивност, се вели во најновата студија на фондацијата „Метаморфозис“, која денес беше презентирана во ЕУ Инфо центарот.

На тркалезната маса на тема „Граѓанскиот сектор и медиумите за доброто владеење“ учествуваа Тамара Ресавска и Елена Равњански од „Метаморфозис“, Александар Колеќески од Македонскиот центар за европско образование, Оливера Војноска од „Вистиномер“, Елида Зулбеари од Порталб, Слаѓана Тасева од Транспаренси Интернешнел Македонија и Марија Саздевски од Македонскиот центар за меѓународна соработка.

DSCN7163

 

Во  студијата се вели дека задоволството од сопствената заедница е тесно поврзано со чувството на припадност во таа заедница. Ова чувство е во значителен пад, па така, младите луѓе се’ помалку гласаат и се’ помалку ја сфаќаат нивната улога во јавните граѓански политики.

Во вториот дел од семинарот беа презентирани ИПА механизмите – проект за поврзување на граѓанските организации кој бил спроведуван од 2014. Проектот дал резултати веднаш по првите консултативни средби во Охрид.

Според Transparency International, Македонија е на 66 место според известувањето за корупција од 168 земји во светот. Гледано регионално, пред Македонија, се Словенија, Хрватска, Грција и Црна Гора.

Овој настан го означува стартот на проектот ACTION SEE – Одговорност, Технологија и Мрежа на институционална отвореност во Југоисточна Европа  фондацијата Метаморфозис го спроведува во партнерство со Westminster Foundation for Democracy од Велика Британија, CRTA – Center for Research, Transparency and Accountability од Србија, Citizens Association - Why not? од Босна и Херцеговина, Center for Democratic Transition од Црна Гора, Open Data Kosovo  од Косово, и Levizja Mjaft! од Албанија.

 

 

Print Friendly, PDF & Email