Кој ги плаќа дрвата за огрев на патриотските „коледари“ пред ДИК?

На протестите пред Државната изборна комисија, додека таа на седница ги разгледува приговорите што ги поднесоа политичките партии за гласањето на 11-ти декември, попладнево беа довезени дрва и буриња за палење оган, за поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ кои и вчеравечер и денес демонстрираат, „во одбрана на Македонија“.

[huge_it_gallery id="17"]

Денес немаше потврда за шпекулацијата дека на „спотаните“ демонстранти им биле делени сендвичи подготвени од Клубот на пратеници, ниту кој го плати чајот за луѓето од Скопје и од внатрешноста, кои протестираа пред ДИК.

Но, дрвата за огрев, секако, некој морал да ги плати....

 

 

 

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: English