Орданоски: Државата не ги соединува етничките заедници

„Државата не прави проект, со кој на еден релаксиран начин, без никаква политичка драма, ќе каже: 'Наша цел  во наредните десет години, бидејќи никој не очекува луѓето да прозборат албански во среда, на пример, по принцип на стимулација, сите државно вработени службеници, на локално и државно ниво, доколку научат еден елементарен албански јазик, ќе имаат да речеме 3% поголема плата'“, изјави Сашо Орданоски, на панел-дискусијата „Допирни точки: Што е Балкан, што се зборува за Балканот и што би можел Балканот да биде“, во организација на Форум ЗФД и српскиот неделен весник „Време“.

Говорници на дискусијата беа Теофил Панчиќ, колумнист од Србија, Елиза Хоџа, архитект и урбанистички планер од Косово, Жидас Даскаловски и д-р Сашо Орданоски, политички аналитичари од Македонија. Панелот го модерираше Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ – Центар за слобода.

Б.Ј.

Print Friendly, PDF & Email