Кампања, трет ден: Митинзи на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци и во Неготино, на СДСМ во Демир Хисар и во Кичево

Политичките партии продолжуваат со изборната кампања за претстојните парламентарни избори, со митинзи и со средби со граѓани низ Македонија

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ ќе имаат митинзи во Неготино во 17,30 и во Кавадарци, во 20 часот.

Коалицијата на СДСМ ќе одржи митинзи во Демир Хисар во 17,30 и во Кичево во 19,00 часот.

ДУИ најави прес-коференција на носителот на листата на ДУИ во Првата изборна единица Артан Груби, во партиското седиште во  Скопје, а ДПА ќе одржи митинг во село Челопек во 18,30 часот.

Коалицијата за промени и правда ќе одржи средби со граѓани во Кавадарци и во Неготино, како и прес-конфренција во Скопје .

Коалицијата „Алијансата за Албанците“ ќе одржи митинг во Сарај, со почеток во 19 часот.

Print Friendly, PDF & Email