Експертски панел за излез од кризата и спроведување избори

Со учество на реномирани експерти и претставници на ЦИВИЛ – Центар за слобода, денеска ќе се одржи експертска панел дискусија на тема „Плурализмот и политичката криза“ во хотел Сити Парк, со почеток во 11 часот.

banner3 - CopyЕксперти-панелисти ќе бидат Сашо Орданоски, политички аналитичар, Александар Новакоски, адвокат, правен експерт и поранешен претседател на ДИК и Сандра Гавриловска, адвокатка и правна експертка.

Овие реномирани експерти ќе ги претстават своите експертизи за политичката криза и за изборниот процес во земјата. Целта на оваа дискусија е да се придонесе кон развивање на плуралистички амбиент и дебата во општеството, преку претставување на различни ставови на експертската заедница.

Дискусијата ќе се насочи во три главни насоки и ќе опфати експертски погледи на учесниците за општата социо-политичка состојба во контекст на плурализмот и демократијата, Договорот од Пржино, како и клучните наоди и препораки за надминување на политичката криза и спроведување слободни избори во земјата. Секој од панелистите ќе говори за различни аспекти на темата врз основа на своите експертизи и професионално искуство.

Н.Е. Амбасадорката на Сојузна Република Германија д-р Кристине Д. Алтхаузер ќе ја отвори дискусијата со свое воведно обраќање.

Кратка презентација ќе одржи и Џабир Дерала, а модераторка ќе биде Биљана Јордановска од ЦИВИЛ.

Овој настан е дел од проектот Слободни избори за слободни граѓанки и граѓани, финансиран од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Print Friendly, PDF & Email