Специјалци со насилство врз демонстрантите го чуваа Министерството за финансии!

Стотици полицајци ги блокираа сите приоди кои водат кон Министерството за финансии, кон кое се упатија илјадниците демонстранти на денешниот протест на Шарената револуција. Протестот и денеска започна од пред зградата на СЈО, од каде со транспарент „1,1 милијарди причини за крај“, шарените револуционери го продолжија протестниот марш. 

13632648_1915802655313344_1539721578_o

Со полициски кордон демонстрантите се соочија на улица „Македонија“, за потоа да сфатат дека полиција има насекаде, со што пристапот до зградата на Министерството за финансии кон која беше упатен денешниот протест, беше речиси невозможен. Најбројна беше полицијата пред премините кај трговскиот центар „Палома Бјанка“.

13621681_1915792971980979_2097248898_o

Полицијата и ЕБР и денеска насилни и ги удираа сите оние кои се обидоа да го пробијат кордонот и да продолжат кон зацртаната цел. Специјалците ги блокираа и влезовите на станбените згради, а еден полицаец на постара госпоѓа која се упати кон својот дом и укажа дека, денеска нема одење дома, затоа што пристапот до нејзината зграда ќе биде цела вечер блокиран. Пристапот беше оневозможен и за дел од новинарите. На новинарката од ТВ 21 и беше попречен пристапот и не можеше професионално да ја врши работата. Сепак, дел од демонстрантите, низ гаражите успеаја да пристапат кон Министерството и кон централниот штаб на ВМРО - ДПМНЕ, првпат во речиси три месеци протести.

Откако демонстрантите делумно го пробија кордонот, фрлаа боја кон Министерството за финансии.

13646745_1915802735313336_1354454596_o

Во текот на протестот бројот на полицијата и ЕБР постојано се зголемуваше, а во еден момент и водениот топ беше подготвен  и само се очекуваше кога ќе биде употребен.

Денешниот протест на Шарената револуција, беше поради последната одлука на Владата да го зголеми долгот на државата со нова еврообврзница од 650 милиони евра, со камата која ќе треба да ја исплаќаат и следните генерации.

 

М. Теговска

Print Friendly, PDF & Email