„Изби вода од Археолошкиот музеј“ - првонаградена сторија од граѓански новинар

Свлечиште кое го попречува нормалното движење на граѓан(к)ите, бандера на сред автопат и уште едно неисполнето ветување на Владата, се дел од содржините подготвени од граѓански новинари, кои денеска ЦИВИЛ - Центар за слобода ги награди.

DSC_0031

Џабир Дерала, кој го отвори настанот за доделување на награди во рамки на осмиот циклус од проектот „Граѓански објектив“, ја истакна значајната улога на граѓанските новинари во услови на медиумски мрак.

ЦИВИЛ и овој пат додели две четврти награди за видео и фото содржини кои изминатиот месец беа испратени од граѓанските новинари. Каде се парите за превоз на прилепските средношколци?, е текст подготвен од граѓанскиот новинар Зоран Милошески, кој доби четврта награда.

Според одлуката на тричлената комисија на ЦИВИЛ, веста „Власта не го исполни ветувањето: Ливадиште без мост, демне опасност од поплави“, подготвена од Стојанче Манев, ја доби втората четврта награда.

Третата награда ја доби анонимен граѓански новинар за текстот „Свлечиштето кај Кнежино однесе половина пат!“. Веднаш по објавувањето на текстот, градежната фирма „Гранит“ под притисок на Општина Кичево итно интервенираше, го прошири патот.  Ова го покажува влијанието кое граѓанските новинари можат да го имаат со само една сторија.

DSC_0088

Внимание: Бандера на патот!“,е второ наградената содржина објавена на веб страната на ЦИВИЛ. За кратко време текстот кој се однесува на неправилна изградба на автопатот Скопје-Штип, предизвика голем број на реакции од читателите на ЦИВИЛ.

DSC_0119

Првата награда поради големата читаност, реакции, споделување и превземање на содржината ја доби текстот „Изби вода од Археолошкиот музеј!“. Содржината беше подготвена од граѓанскиот новинар кој одлучи да остане анонимен. До редакцијата на ЦИВИЛ Медиа пристигна и демант од Археолошкиот музеј. Демантот беше објавен, но по тоа следеше и серија медиумски содржини кои зборуваат за начинот на кој се изградени објектите кои се дел од „Проектот Скопје 2014“, но и за проблемите во Археолошкиот музеј. Оваа тема побуди голем интерес во јавноста и иницираше бурна дискусија на социјалните мрежи.

DSC_0093

ЦИВИЛ ги потсетува граѓанските новинари дека деветтиот награден циклус за граѓански новинари е во тек. Сите полнолетни граѓанки и граѓани се поканети да учествуваат и да испраќаат фото и видео содржини.  За учество во натпреварот, со пополнување на формуларот, кликнете ТУКА. ЦИВИЛ – Центар за слобода им се заблагодарува на досегашните учесници и ги повикува и понатаму да продолжат со своето граѓанско активно учество да придонесат за заштита на човековите права и слободи и за демократизирање на општеството.


civic-lenses-logo-en-copy-500x414Проектот „Граѓански објектив“е поддржан од фондацијата National Endowment for Democracy.

 

 

Print Friendly, PDF & Email