„Боите на слободата“ во кампот #ЗбогумНикола пред Влада

ЦИВИЛ - Центар за слобода во рамките на коалицијата „Граѓаните за Македонија“, денес, со почеток од 16 часот, ја започнува уметничката работилница „Боите на слободата“.

Колонијата ќе се одржува во кампот #ЗбогумНикола, пред Владата и ќе заврши во недела на полноќ.

Во рамките на работилницата, денес во 17 часот, со свој уметнички перформанс ќе настапи Валентин Димановски. Уметничките дела ќе бидат изложени во самиот камп. Изложбата ќе се отвори во вторник во 20 часот.

Print Friendly, PDF & Email