Има ли крај на политичката злоупотреба на малолетници?

За уште еден случај на партиска злоупотреба на деца и младинци во кампањата, јавуваат набљудувачите на ЦИВИЛ. Овој пат, еден од своите митинзи, ДУИ го организирала во основното училиште „Алија Авдовиќ“ во Батинци.

На снимките кои стигнаа на адресата на ЦИВИЛ, децата се во преден план, во моментот кога лидерот на ДУИ, Али Ахмети им се обраќа на присутните.

И покрај барањата на ЦИВИЛ децата да не се користат за политички цели и да се исклучат од изборниот процес, за жал, ова е веќе 19-ти случај на злоупотреба што пристигна од нашите набљудувачи.

ЦИВИЛ неколку пати децидно побара да се престане со манипулација со децата и со искористување на училиштата како места за политичка кампања и партиска пропаганда.

За жал, ваквата неславна „традиција“ продолжува и понатаму, а како што известуваат набљудувачите од терен, слично се однесуваат и други политички партии.

Биљана Јордановска

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian