Илјадници демонстранти протестираа пред Собранието и продолжија пред Владата

„Нема правда, нема мир“  одекнува по скопските улици, додека демонстрантите кои како и целата претходна недела тргнаа во знак на поддршка од пред Специјалното јавно обвинителство, маршираа кон зградата на Собранието. 

Иако за денес не се најавени контра-протести во престолнината, Скопје е и денеска е под силно полициско обезбедување,  а дел од демонстрантите им довикуваа на полицајците и специјалците кои во полна опрема се распоредени по должина на рутата по која се движат учесниците на протестот, да им се придружат.

[youtube width="600" height="344"]https://www.youtube.com/watch?v=7YyhT_WDMo8[/youtube]

Иако и зградата на Министерството за правда беше обезбедена од полицијата, врз неа повторно демонстрантите фрлаа боја и пластични шишиња

[youtube width="600" height="344"]https://www.youtube.com/watch?v=xcj6yj4Ycx8[/youtube]

Марширајќи под паролата „„Еднаквост, правда, слобода“, демонстрантите и денес бараат оставка на Ѓорге Иванов, повлекување на одлуката за одржување предвремени парламентарни избори на 5 јуни, произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО и формирање специјално одделение на Кривичниот суд за случаите кои ги покренува СЈО, формирање преодна влада за целосна примена на реформите од „Извештајот на Прибе“ и вклучување  на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата.

Граѓан(к)ите по кус престој пред Собранието, поминаа покрај и под Триумфалната капија, и тргнаа кон Владата.

 

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian