Идната фарса со Избирачкиот список: Кој е отсутен нека се јави !

Најавеното ставање на јавен увид на Избирачкиот список од страна на ДИК е идната фарса што ќе се одигрува, аналогно на познатиот школски виц, кога професорот, барајќи отсутни ученици на час, рекол "кој е отсутен, нека се јави".

Пишува: Петрит Сарачини

Пишува: Петрит Сарачини

Имено, претстојното јавно давање на увид во Избирачкиот список од страна на ДИК е за да може секој од граѓаните да види дали го има на списокот, и да се пожали, доколку го нема, за да биде внесен во списокот од страна на изборниот орган. Никој не може да проверува туѓи податоци. Всушност, се работи за онаа стандардна проверка на Избирачкиот список која што ја имало и досега, пред секој изборен циклус, а не за некаква „дополнителна проверка“, како што ќе се обидат да ни ја продадат началниците и нивните слуги, вклучувајќи ги и оние кои се дел од ДИК.

Ниту еден од фантомските гласачи, оние што се починати, или пак оние кои со знаење дека со тоа прават изборен криминал добиле и поседуваат повеќе лични карти, оние што гласаат во повеќе општини односно гласачки места, или пак оние од Пустец - нема да се јават самите за да бидат избришани, да речат - "еј, јас не постојам", или "еј, јас гласам на повеќе места, избришете ме". Сигурно нема да се јават ниту оние кои одамна заминале од оваа жабјак. А токму тие гласови се користат за крадење на изборите.

Да си знаат началниците, и оваа финта им е прочитана. Соодветно на тоа, треба да следи и одговор од граѓаните и демократската јавност, кои треба да бидат свесни за оваа фарса. Да не биде после - не сме знаеле.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian