И денес протести во Куманово, Битола и Велес

Вечерва пред Основниот суд во Куманово се одржа петтиот по ред протест што го организираше граѓанското движење „Протестирам“. 

86a31e9a-fdf3-44aa-9642-9f0feb9bb2a4

Куманово, 26-ти април 2016

Според информациите од долгорочните набљудувачи од овој град, на протестот учествуваа околу 2.000 граѓанки и граѓани  кои побараа оставка од претседателот  Ѓорге Иванов.  Демонстрантите извикуваа  „Нема правда, нема мир!“, „Оставка!“, „Нема аболиција!“ , „Никола на робија! “, „Иванов, готов си!“...

„Додека ја снимав колоната со својот приватен телефон, еден демонстрант ми се обрати со зборовите: „Гаси телефон, имаш ли легатимацију? Немаш право да ме снимаш поединачно, знаеш ли  дека можу сга да ти поднесу пријаву да платиш казну 5.000 евра?“,  ја цитира набљудувачот на ЦИВИЛ средбата со еден од демонстрантите кој се издвоил од поворката.

13106782_10205717057995052_1791146758_o

Битола, 26-ти април 2016

Протестот во Битола денеска започна oд плоштадот Магнолија, од каде се  продолжи пред Општина Битола. Како што известуваат набљудувачите на ЦИВИЛ од Битола, уште еднаш беа повторени барањата и причините зошто протестот е организиран, а се фрлало со боја врз општинската зграда. Протестот завршил мирно.

13078336_10209527143238176_1637066282_o

Велес, 26-ти април 2016

Граѓаните и граѓанките на Велес седми ден по ред протестираат. Како што потврдуваат информациите од терен, протестот започнал од пред кружниот тек кај „Авона“. Традиционално и вечерва, протестот завршил на плоштадот С'рмаале. На плоштадот  биле прочитани седумте барања на граѓанското движење „Протестирам“.

Протестите во Велес продолжуваат и утре во 18 часот.

Контра-протести во организација на ГДОМ, денеска се одржаа во Велес и Битола.

Print Friendly, PDF & Email