Граѓански новинар(к)и: Наградени стории за изборни злоупотреби

„Политичка злоупотреба: Децата се мета!“ е првонаградената видео-сторија од првиот циклус награди во втората година од проектот „Граѓански објектив“. Овој пат сите наградени текстови се однесуваа на предизборни злоупотреби и манипулации. Со петте награди кои ЦИВИЛ ги додели денес, бројот на наградите за граѓанските новинар(к)и, се искачува на 50 во изминатите 14 месеци.

Покрај објавувањето на текстовите, граѓанските новинар(к)и имаат можност и директно да влијаат врз системот и да помогнат во решавање на секојдневните проблеми со кои се соочуваат граѓанките и граѓаните. Таков пример е второнаградениот текст „Двегодишно момче кое питачи е жртва на системот“ по чие објавување, проблемот беше решен и детето беше вратено кај својата мајка.

15384482_342597169452409_1839616137194567239_o

Останатите три наградени стории: „Бетон како постела“, „Кавадарци: Градоначалникот Панов од 2013-та, ветува ли ветува нова градинка!“ и „Предизборен атак врз приватноста на граѓан(к)ите“ , исто така, се однесуваат на неостварени ветувања, предизборни манипулации и злоупотреби.

14715446_342597636119029_1577824104398641386_o

ЦИВИЛ - ги охрабрува граѓаните да учествуваат со свои стории, видеа и фотографии.

„Тие што имаат снимка, фотографија или сторија за изборните нерегуларности, за кршењето на гласачкото право, за злоупотребите, притисоците и заканите, за поткупот на гласачите… Сите тие можат да бидат дел од големото семејство граѓански новинарки и новинари кои соработуваат со ЦИВИЛ. Прилозите можат да се објават анонимно, бидејќи условите кои ги нуди ЦИВИЛ го дозволуваат тоа – важно е да се дознаат фактите, да се разобличат постапките на оние што го кршат законот, наместо да го спроведуваат.“ изјави Џабир Дерала.

Маја Ивановска

 

Print Friendly, PDF & Email