Добил отказ затоа што на митинг во Берово ја критикувал власта!

Поради говор на митинг во Берово, симпатизерот на СДСМ, Драган Аговски, добил отказ од туристичкиот комплекс „Бела Вода“.

„Како млад, дипломиран криминалист, на 30-ти ноември, одржав говор на митингот на опозицијата во Берово, каде што зборував за сите проблеми и недостатоци со кои се соочуваме ние младите во државата. По четири дена, по работното време, мојот работодавец ми соопшти дека сум отпуштен од работа, затоа што одржав говор на митинг на СДСМ!“, вели за ЦИВИЛ Медиа, Драган Аговски.

Тој додаде дека по изборите ќе покрене судска постапка, поради отказот, но и за тоа дека четири месеци не му се платени придонесите, здравственото осигурување и К-15.

„За мојот отказ е известен центарот на ОБСЕ во Кочани. Оттаму добив одговор дека ќе ги преземат сите мерки за расчистување на случајот“, вели Аговски.

Тој вели дека случајот ќе го води до крај, бидејќи секој има право на политичка определеност.

Дехран Муратов

Print Friendly, PDF & Email