Големите партии сакаат демократија само за себе

Јанко Бачев од НДМ, на дебата „Плурализмот и политичката криза“, организирана од ЦИВИЛ- Центар за слобода, на 2 февруари, зборуваше за слабостите на ревидираниот Изборен законик. Тој истакна дека поранешниот премиер Никола Груевски и опозицискиот лидер Зоран Заев внеле одредби во законикот кои се катастрофални за помалите партии.

На дебатата учествуваа 11 лидери или високи претставници на политички партии и политички иницијативи, кои не се дел од преговорите за надминување на политичката криза кои два часа дискутираа и полемизираа за причините и за можните решенија на политичката криза во Македонија.

[youtube width="600" height="400"]https://www.youtube.com/watch?v=VHPBxmhVffs[/youtube]

Print Friendly, PDF & Email