Глобална недела на акција против оруженото насилство

По повод Глобалната недела на акција против оруженото насилство (WoA), што се одбележува од 2 до 9 јуни, 2019 година, Камерунската акциска мрежа за мало оружје (CANSA) во солидарност со целата камерунска јавност со задоволство се приклучува на глобалната коалиција за граѓанско општество за одговорност на владите за некои од заложбите што ги имаат преземено во борбата против нелегалното ширење и злоупотреба на малото и лесно оружје. Темата на овогодинешната Недела на акција е насловена “Бори се за човештвото: Контрола на оружјето“

Имајќи ја во предвид сегашната безбедносна состојба во Камерун, CANSA јавно го осудува оруженото насилство во Северозападот, Југозападот, Далечниот Север, Адамава и Источните региони на Камерун и ја повикува владата да го забрза процесот на дијалог за социо-политичаката криза што ги тресе северозападните и југозападните англиско говорни подрачја на Камерун.

Во обид да се сопре нелегалното ширење на малото и лесно оружје, во 2001 година државите на Обединетите нации се согласија на важна рамка за соработка во однос на малото оружје, наречена Програма за акција за спречување, борба и искоренување на нелегалната трговија со мало и лесно оружје во сите нејзини аспекти. Според оваа Програма, владите се согласија да ги подобрат националните закони за мало оружје, контролите за увоз/извоз како и управувањето со залихите и да се вклучат во соработка и помош.

Во 2005 година, членките го усвоија Меѓународниот инструмент за следење, со кој се бара од државите соодвенто да го обележат оружјето и да водат евиденција. Подоброто следење на оружјето сега е дел и од Агендата 2030 за одржлив развој, во Цел 16.4 за одржлив развој.

Со цел да се евалуира оваа програма, на секои шест години се одржува Конференција за ревизија во седиштето на ОН, со цел да се разгледа напредокот што е постигнат во имплементацијата на Програмата за акција за спречување, борба и искоренување на нелегалната трговија со мало и лесно оружје во сите нејзини аспекти и на Меѓународниот инструмент за следење. Третата Конферензија за ревизија што се одржа од 18-29 јуни, 2018 година во Њујорк, со фокус на диверзијата на оружјето даде силна препорака за потребата од повеќе напори за спроведување на Меѓународниот инструмент за следење

И покрај напорите што ги прават ОН и нејзините земји членки за искоренување на ширењето на малото и лесно оружје, феноменот останува и понатаму и го загрозува светскиот мир. Денес, речиси 1 милијарда такви оружја се во оптек и уште околу 8 милиони се произведуваат годишно од страна на илјадници производители ширум светот. Во Централна Африка, околу 10,000 од овие оружја се во оптек. Во Камерун, ширењето на ваквото оружје е во пораст како резултат на вооружените кнфликти во Северот и Северниот југ на Камерун, нападите на Боко Харам во Далечниот север и граѓанската војна во Централна Африка.

Имајќи во предвид дека Камерун има ратификувано некои од меѓународните инструменти кои го регулираат ова оружје, CANSA со задовоство ги споделува своите убедувања за напредокот постигнат досега од страна на владата на Камерун во универзијализацијата и имплементацијата на овие инструменти, сособено Договорот за трговија со оружје и Конвенцијата на Централна Африка за контрола на малото и лесно оружје, нивната муниција и сите делови и компоненти кои може да се користат за нивно производство, поправка и склопување, наречена Киншаса Конвенција.

Во однос на Договорот за трговија со оружје, нацрт предлогот за Договорот за трговија со оружје беше усвоен од страна на парламентот во 2017 година, а подоцна потпишан од Претседателот на Републиката и ратификуван во јуни 208 година.

Некои од можностите кои произлегуваат од ратификацијата на договорот вклучуваат меѓу другото:

  • Гласачки права во процесот на донесување одлуки на Конференцијата на земјите членки, што претставува највисокото тело на договорот каде се усвојуваат политики за операционализација на договорот.
  • Земјите од зоната на Езерото Чад (Чад, Нигер и Нигерија) кои го имаат ратификувано договорот и се вклучени во борбата против Боко Харам, ќе можат да добиваат поголема поддршка од Договорот за трговија со оружје во справувањето со тероризмот.
  • Камерун ќе може да оствари корист од повеќе можности што ги нуди договорот, вклучувајќи го и Доброволниот фонд насочен кон унапредување на имплементација на договорот.

Во однос на Конвенцијата Киншаса, Камерун ја ратификуваше во 2015, а од 11-13 јуни, 2018 година беше домаќин на првата Конференција на земјите членки на конвенцијата. Резултатот од оваа конференција го вклучуваше повикот да се забрза имплементацијата на Конвенцијата преку воспоставувањето на постојан Секретеријат за Конвенцијата и формирањето на Фонд за финансирање на активностите на Конвенцијата.

CANSA сака да ги пофали владините напори во имплементацијата на Конвенцијата Киншаса, Договорот за трговија со оружје и други релевантни инструменти ратификувани од страна на Камерун. Овие напори го вклучуваат и напредокот во создавањето на Национална комисија за мало и лесно оружје (NatCom), елаборација на Национален акциски план за мало и лесно оружје и чекорите преземени за доставување на националниот извештај за Програмата на ОН за мало оружје и подготовка на Првичен извештај на Договорот за трговија со оружје. CANSA, исто така, сака да го поздрави владиниот дух за соработката со граѓанското општество во имплементацијата на UNSCAR проект за градење на технички и оперативни капацитети на 7 држави членки на Конвенцијата Киншаса, и тоа за: изработка и управување со Националните комисии за мало и лесно оружје (NatCom), елаборација на Национални акциски планови за мало и лесно оружје и доставување на национални извештаи за Програмата за акција за спречување, борба и искоренување на нелегалната трговија со мало и лесно оружје. Форумот за мир на малдите и студентите на Камерун, членка основач на CANSA, е партнер во имплементацијата на овој проект.Глобална недела на акција против насилство претставува кампања започната од страна на Меѓународната акциска мрежа за мало оружје (ИАНСА) во 2003 година и започна во Камерун од страна на CANSA.

Краток преглед на активностите на CANSA за Глобалната недела на акција:

2 јуни 2019: Објавување на комунике за официјално да отпочне неделата во Камерун.

  • јуни 2019: Организирање прес конференција во СеП на тема “Вклучување на јавноста во подигнување на свеста за имплементацијата на Конвенцијата Киншаса и Програмата за акција за спречување, борба и искоренување на нелегалната трговија со мало и лесно оружје.

7– 9 јуни 2019: Портокалови денови за ставање крај на насилството врз жените

2 – 9 јуни 2019: Учество во ТВ/Радио програми, вклучувајќи во CRTV, Vision4 и Радио Siantou.

Print Friendly, PDF & Email