Маргарита Цаца Николовска: Довербата е разнишана!

ЦИВИЛ – Центар за слобода на 14 мај во Клубот ГЕМ оддржa дебата на тема КРИЗА ВО МАКЕДОНИЈА посветена на политичката ситуација во земјата. На дебатата воведничари беа професор. д-р Сашо Орданоски, политички аналитичар, Маргарита Цаца Николовска, поранешна судијка во Европскиот суд за човекови права и актуелна судијка во Уставниот суд на БиХ и Рамадан Рамадани, НИСМА, аналитичар и колумнист.

Дебатирвме за прашањата:

  • Кои се одговорните чинители за политичките состојби во земјата?
  • Дали безбедносната криза во Куманово ќе влијае врз интензитетот на граѓанското незадоволство и протестите закажани за 17 мај?
  • Каква е перспективата на Македонија?

Воведничарите ја потенцираа екстремната антагонизираност на политичката сцена и длабоката криза во македонското општество, се согласија дека 17 мај е денот кога ќе започнат неопходните промени, дека заминувањето на актуелната Влада е неминовност и ека на Македонија и е неопходна преодна влада која ќе ја врати државата на одамна напуштениот пат кон демократизација и евроинтеграции.

Погледнете го видеото и дел од транскриптот од излагањето на Маргарита Цаца Николовска.

„Крајното прашање е: Што е перспективата на Македонија и како евентуално би можела да се разреши кризата? Мислам дека поголем дел од граѓаните се на мислење дека неминовна е оставката на Владата! Владата има обврска да даде оставка во сегашната ситуација, без оглед дали се утврдува во моментот некаква одговорност или не. Прашањето на одговорност која ќе биде индивидуална и која ќе биде канализирана преку одредени институции, е нешто што треба понатаму да се одвива и нешто од што владејачката гарнитура треба да се тргне настрана, за да му овозможи на оној кој што ќе постапува во тој дел, да биде транспарентен, кредибилен и да може независно и непристрасно да работи. Намерно не спомнав суд, обвинителство и национални органи, затоа што довербата е многу  разнишана. Во една ситуација по поднесување оставка на Владата, се поставува прашањето што е следниот чекор? Тоа е експертска влада, каде што терминот експерт треба апсолутно да се користи и да се цени преку одредени критериуми кои не се непознати! Критериуми за независно и непристрасно судство не се нешто што допрва треба да го измислуваме…“

[youtube]https://www.youtube.com/watch?v=ZbLU4ofMyDg[/youtube]

Print Friendly, PDF & Email