Добредојде за Караванот на слободата во Свети Николе, Карбинци, Чешиново-Облешево, Виница и Радовиш

Вo богатата агенда на Караванот на слободата, екипи на ЦИВИЛ – Центар за слобода, во четвртокот посетија неколку општини во Источна Македонија, во кои го промовираа целите на Караванот, делеа флаери и ги анимираа граѓан(к)ите за посета на мултимедијалниот настан во Штип во петок на 23-ти септември.

14446150_1825961617619185_1971128202796711077_n

Паралелно, членовите на тимовите на ЦИВИЛ, разговараа со граѓанките и граѓаните за опструкциите при слободното изразување на нивната политичка волја и за важноста на слободата во нивното секојдневие.

14359227_1825968704285143_5290490331222393861_n 14446056_1825964070952273_6391573425444964012_n

Во руралните општини Карбинци и Чешиново-Облешево беше забележливо отуството на граѓан(к)и од помладите генерации за кои повозрасните соговорници со жалење истакнуваа дека масовно се иселуваат во соседните градови, во Скопје или во странство.

14441180_1825699307645416_783775322660133185_n

Слична беше приказната и во урбаните општини Свети Николе, Виница и Радовиш, каде соговорниците потенцираа дека најактуелно е масовното заминување на помладите сограѓани во Италија, каде со бугарски пасоши или „на црно“, берат грозје.

14358980_1825971457618201_1468811690469246004_n

Караванот на слободата е тримесечен фестивал, кој ги користи уметноста и културата за да влијае на засилување на граѓанската свесност и граѓанкиот активизам. Тоа е динамичен мултимедијален проект, кој го поттикнува граѓанското учество во процесите на донесување одлуки на локално и национално ниво.

Print Friendly, PDF & Email