Дебата: КРИЗА ВО МАКЕДОНИЈА

Четврток, 14 мај, ГЕМ, 11 часот

ЦИВИЛ – Центар за слобода, организира дебата на тема КРИЗА ВО МАКЕДОНИЈА на која ќе се разменат информации и ставови за политичката ситуација во земјата и состојбата со човековите права и слободи.

Длабоката политичка криза во Македонија, од една страна, и континуираната политичка кампања која доминира во македонските медиуми и општеството во целина, од друга страна, кулминира со безбедносна криза во Куманово. Ќе дебатираме за прашањата:

Кои се одговорните чинители за политичките состојби во земјата?

Дали безбедносната криза во Куманово ќе влијае врз интензитетот на граѓанското незадоволство и протестите закажани за 17 мај?

Каква е перспективата на Македонија?

 

Овој настан се организира во рамките на проектот МОЕТО ГЛАСАЧКО ПРАВО, на кој ќе се презентираат и извештаите на мониторинг тимовите на ЦИВИЛ за политичката ситуација во контекст на гласачкото право и човековите права воопшто. Во оваа прилика ќе се презентира и целосниот извештај на ЦИВИЛ од набљудувањето на спроведувањето на референдумот за ГТЦ.

Како и секогаш, овој настан е отворен за медиумите, претставниците на граѓанското општество, политичките партии, институциите и други заинтересирани страни.

 

Повеќе информации на:

02/5209176

[email protected]

Print Friendly, PDF & Email