Орданоски, Цаца-Николовска и Рамадани на дебатата за кризата во Македонија

ЦИВИЛ – Центар за слобода, организира дебата на тема КРИЗА ВО МАКЕДОНИЈА посветена на политичката ситуација во земјата на 14 мај (четврток), во Клуб ГЕМ (Стара Чаршија), со почеток во 11 часот.

На дебатата на тема КРИЗА ВО МАКЕДОНИЈА, воведничари ќе бидат проф. д-р Сашо Орданоски, политички аналитичар, Маргарита Цаца Николовска, поранешна судијка во Европскиот суд за човекови права и актуелна судијка во Уставниот суд на БиХ и Рамадан Рамадани, НИСМА, аналитичар и колумнист.

Како што претходно информиравме, ќе дебатираме за прашањата:

  • Кои се одговорните чинители за политичките состојби во земјата?
  • Дали безбедносната криза во Куманово ќе влијае врз интензитетот на граѓанското незадоволство и протестите закажани за 17 мај?
  • Каква е перспективата на Македонија?

На дебатата се поканети медиумите, претставниците на граѓанското општество, политичките партии и институциите, како и други заинтересирани страни.

Повеќе информации на:

02/5209176

[email protected]

www.civil.org.mk

www.facebook.com/civil.mk

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish