Анкета: Граѓаните бараат избори на 11 декември!

Изборите на 11-ти декември се единствен излез од политичката криза, којашто предолго трае... Неопходно е граѓан(к)ите да се охрабрат и без притисоци и закани да го дадат својот глас за опцијата во која веруваат... Специјалното Јавно обвинителство треба да си ја заврши работата, со докази да ги изведе пред суд виновниците, и да им се изречат соодветни санкции, за да се спречи во иднина, кој и да е на власт, да посегнува по имотот што му припаѓа на народот, на државата... Ова се дел од размислувањата на граѓан(к)ите на Скопје, со кои денеска екипата на ЦИВИЛ Медиа разговараше на тема - избори и нивните очекувања од нив.

Иако речиси сите анкетирани се едногласни дека изборите треба да се одржат на датумот којшто е веќе договорен со последниот анекс на Договорот од Пржино, подвоени се мислењата дали за 12 недели, Македонија на предвремени парламентарни избори, и ќе гласа за нова Влада.

 

 

Во однос на исходот од изборните резултати, очекувањата на едни се да се врати демократијата во државата, а на други, да има задолжителни промени. Има и граѓан(к)и коишто сметаат дека опозицијата би го попречила изборниот процес.

Што се однесува до условите за живот, и перцепцијатата на македонската реалност, голем дел од анкетираните се крајно незадоволни. Се жалат на нефункционирање на институциите, но велат дека само доколку граѓан(к)ите се храбри и подготвени, може да се подобри целокупната општествено-политичка и економска клима.

Моника Талеска

Дехран Муратов

Print Friendly, PDF & Email