Активистички времеплов „Во потрага по граѓан(к)ите“

По повод дваесет годишнината од своето постоење, здружението „ГОНГ“ од Хрватска организира регионален активистички и уметнички времеплов „Во потрага по граѓанката/граѓанинот“ во Загреб на 13 април 2017, како и целовечерна културно-уметничка програма во соработка со здруженијата Курзив и Домино од Загреб, Центар за културна деконтаминација од Белград, Хелсиншки парламент од Бања Лука, ЦИВИЛ – Центар за слобода од Скопје, Анима од Котор, здружението Солидарна и Култура на промени при Студентскиот центар во Загреб, со финансиска поддршка од програмата Европа за граѓаните.

Целта на оваа регионална конференција е да се афирмира, но и да се истражи традицијата на прогресивен активизам и уметничка креативност во турбуленти времиња на трансформација на доминантните политички, културни и социјални матрици во пост-југословенскиот простор, обележана со воени конфликти, сиромаштија, уништување на јавните добра и животната средина, недоверба и длабоки поделби меѓу народите.

Учесниците и говорниците се спој од различни генерации, со различни тематски интереси и од различни локации од поранешните југословенски држави.

Конференцијата ќе се отвори со интерактивниот перформанс "Никогаш повеќе. Никогаш. Повторно?" ("Never Again. Never. Again?") на босанската уметница Елма Селман. Во вечерните часови ќе се отвори изложбата "Отпор, движење, промена: фрагменти од активистички и уметнички практики од крајот на 80-те" модерирана од Курзив, монодрамата "За постдипломското образование" на Вили Матула и Синиша Лабровиќ со музика од Игор Павловиќ, а тука е и музичката активистичка слушалница на Илко Чулиќ што секако ветува добра забава.

За повеќе информации за овој голем и важен регионален настан јавете се во ЦИВИЛ.

Б.Ј.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish