Ајде ЦИВИЛИ, во акција!

ЦИВИЛ - Центар за слобода ве поканува да бидете дел од мониторинг тимот и заедно да придонесеме кон спроведување на слободни избори.

Сите набљудувачи на ЦИВИЛ ќе поминат низ четиричасовна обука на 30 септември и 1 октомври во две смени од 10 до 14 часот и од 14:30 до 18:30 часот.

На семинарот задолжително треба да носите лична карта и трансакциска сметка.

Услови за спроведување на работните обврски на набљудувачи на ЦИВИЛ се: набљудувачите на ЦИВИЛ немаат партиски или друг ангажман за набљудување на изборите и го спроведуваат изборниот мониторинг само за ЦИВИЛ. Набљудувачите на ЦИВИЛ строго се придржуваат кон принципите за непристрасност и неутралност, ги следат упатствата и налозите од организацијата и го спроведуваат мониторингот на изборите во согласност со Изборниот законик и Кодексот за набљудување. Извештаите се прецизни и веродостојни, поткрепени со факти.

Набљудувачите на ЦИВИЛ се мобилни и се ставаат на располагање според планот за изборен мониторинг, на локации кои ќе им бидат соопштени непосредно пред денот на изборите. Набљудувачите на ЦИВИЛ ја почитуваат тајноста на податоците и информациите добиени во текот на работата во ЦИВИЛ, за што секој/а набљудувач/ка е одговорен/одговорна според соодветните закони за чување на службена тајна. Не е дозволено споделување информации со медиуми или други организации.

Мониторингот на изборите се спроведува преку долгорочни набљудувачи, како и преку соработничката мрежа од активисти, дописници и граѓански новинари. На денот на гласањето, сите ќе бидат акредитирани од ДИК.

Исто така, ЦИВИЛ веќе две години го спроведува проектот Граѓански објектив, проект за транспарентни и одговорни политики, преку кој се јакне граѓанското новинарство и преку кој до сега беа наградени над 60 граѓански новинарки и новинари.

Сево ова подразбира дека вашиот ангажман и соработка со ЦИВИЛ не мора да се ограничи на мониторинг на изборниот процес, туку може да започне сега, додека ја читате оваа порака и да трае до завршување на проектите до крајот на 2018 година.

Извештаите кои ќе бидат побарани од вас се лесни за подготовка, а доколку бидат прифатени и одобрени, може да бидат хонорирани со 1.000 денари бруто, без ограничување на бројот на извештаите.

Ви стоиме на располагање за било какви прашања, консултации  и информации. Можете да нé контактирате на тел. 02/5209 176.

И не заборавајте! Можете да нè следите на нашата и вашата Фејсбук страница, како и на Фејсбук страницата Слободни избори или на Twitter.

Останете активни онлајн, споделувајте, коментирајте, информирајте.

 

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian