Медарски: Понижување на приведените

Демонстрантите кои учествуваа на протестот на 5 мај, а се соочија со полициско насилство и незаконско притворање, беа ослободени по 24 часа притвор.

Адвокатот Филип Медарски застапуваше  дел од притворените во полициската станица Пролет. На првата средба со нив ги регистрирал видливите физички повреди и психичката состојба на повредените. При ослободувањето од притвор, на демонстрантите им биле задржани мобилните телефони и барани пин кодовите.

[youtube]https://www.youtube.com/watch?v=Z7VQzWIwc5s[/youtube]

„Она што сите го кажаа по совладување на нивниот отпор е дека биле тепани од страна на полицајците. Не само што биле тепани, биле навредувани вербално и понижувачки третирани од полицајците. Ова на некој начин може да се третира како тортура“, изјави Медарски за Цивил Медиа .

Print Friendly, PDF & Email