Каква порака се испраќа со кршењето на стаклата на Музејот на албанската азбука во Битола?

Во пресрет на денешната прослава на Денот на албанската азбука, искршени се стаклата на влезната врата на Музејот на албанската азбука во Битола. На искршената врата има залепени постери на лав кој со меч му ги пресекува главите на двоглавиот орел. На другата лепенка, поставена врз спомен-плочата, пишува „Стоп за шиптаризација на Македонија!“ и прецртан е албанскиот симбол, двоглавиот црн орел...

Овој вандалски чин се случи на стартот на политичката кампања за престојните избори, и сигурно ќе влијае на дополнително зовривање на меѓуетничките страсти.

Аналитичарот Рамадан Рамадани за ЦИВИЛ Медиа, вчера изјави дека обидот за скандирање за УЧК, на Артан Груби од ДУИ, при претставувањето на партиските кандидати за пратеници на претстојните избори - било порака до ВМРО-ДПМНЕ, за да „работат на теми како што се – федерализација, двојазичност, а да ја избегнат најголемата тема за следните избори, -криминалот и узурпацијата на државата“.

Дали преку провокацијата со кршење на стаклата на Музејот на албанската азбука во Битола, всушност, е испратена нова порака, во обратна насока, за довчерашните/идните коалициони партнери од ДУИ (или ДПА, сеедно). Ако кампањата веднаш започна со билдање на национализмот и со играње на картата на омраза против „поинаквите“, смее ли некој да прогнозира што сé ќе се случува до и по 11-ти декември?!

Д. Муратов

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian