ЕКСКЛУЗИВНО: Конференција „Глобални перспективи“ во Берлин

Конференцијата „Глобални перспективи“ на која учествуваат главни извршни директори на клучните германски и водечките меѓународни организации на граѓанското општество, со претставници од политичката елита, корпоративниот сектор и академијата само што започна во Берлин. Хаштаг на конференцијата е #GlobalPerspectives.

IMG_2160

Поздравен говор на Барбара Унмисиг, претседателка на Фондацијата Хајнрих Бел, Германија

Главната тема на оваа, осма по ред, годишна конференција, еден од најпрестижните глобални форуми, е иднината на јавниот простор, односно ограничувањето на граѓанскиот/јавниот простор и притисоците врз граѓанското општество ширум светот. Конференцијата може да се следи во живо.

Конференцијата обезбедува платформа за 150 учесници од целиот свет, да одговори на некои од најголемите предизвици во светот. Во интерактивен формат, учесниците ќе предложат теми и работилници врз основа на нивното искуство и да изнајдат заеднички стратегии за справување со можностите, предизвиците и трендовите во светот.

Претставник на ЦИВИЛ на оваа конференција е Џабир Дерала, како дел од меѓународната група раководители на граѓански организации од целиот свет, кои се гости на Фондацијата Хајнрих Бел, Германија.

Print Friendly, PDF & Email