25 години по масакрот на Тјенанмен: Херојството на еден човек

Еден млад човек застана пред колоната од тенкови и ја запре, во одбрана на своите сограѓан(к)и од сопствената влада на плоштадот Тјенанмен пред 25 години, на 5 јуни 1989 година. До денешен ден, тој е познат како Човекот-тенк или Незнајниот демонстрант и е симбол за индивидуалниот чин на херојство и пожртвуваност, инспирација за милиони слободољубиви луѓе.

Tank ManПред 25 години, кинеската власт пукаше на своите граѓани, а тенковите јуришаа на толпата од илјадници демонстранти на 3 и 4 јуни, 1989 година. Брутално беа убиени околу илјада демонстранти кои мирно протестираа за демократски реформи во земјата.

Во име на националната стабилност, еднопартискиот систем во Кина сѐ уште ги крши човековите права фундаменталните слободи на своите граѓан(к)и. Погубувања на политичките неистомисленици, тајни затвори и полициска бруталност се само дел од долгата листа на манирите на владеење на суровиот кинески режим денес.

Човекот-тенк сопре колона од тенкови која иташе во правец на плоштадот Тјенанмен, на Авенијата Чанг'ан во Забранетиот Град во Пекинг, ден по суровата пресметка со демонстрантите. Тој стоеше на средината на авенијата, точно на патот на колоната од Т-59 тенковите. Првиот тенк се обиде да го заобиколи но тој цело време се поместуваше попречувајќи го напредувањето на колоната. Тенкот ги изгаси моторите, а Човекот-тенк се качи на тенкот и кратко му се обрати на тенковскиот персонал. Потоа се симна и повторно застана пред тенковите. Моторите повторно проработеа и тенкот тргна кон нашиот херој. Тогаш, две лица во трк го истуркаа демонстрантот од пред придвижената тенковска колона, спасувајќи го од сигурна смрт.

Ова е кратката сторија за овој голем човек и симбол на индивидуалниот протест.

Tank_Man

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish