ЦИВИЛ мобилен во Гостивар, Струга, Охрид и во Ресен

Празни плоштади, иселени граѓан(к)и, исплашени луѓе кои нѐ пресретнуваа на патот за да ги поделат тајно искуствата за притисоците, за присуството на „фантомите“ во нивните домови ... Ваква беше атмосферата вчера во Гостивар, Струга, Охрид и во Ресен, на последниот предизборен поход на ЦИВИЛ-Центар за слобода.

15193494_1132622520189549_4183485708380245316_n

Синиша Станковиќ, прес конференција-Струга

„ЦИВИЛ интензивно работи на откривање на нови сознанија, факти и докази за предизборни притисоци, 'фантоми'..., ја зајакнува локалната структура во рамки на проектите 'Набљудуваме', и 'Напред!' зашто предизборниот и изборниот процес ќе го следи на територијата на целата држава, со свои долгорочни и краткорочни набљудувачи. А, сите прекршувања на изборниот процес ќе бидат пријавени до надлежните структури. Иако и досега, аномалиите ги пријавуваме до ДИК, до денеска не добивме ниту еден одговор од овој државен орган. ДИК не работи транспарентно и Македонија во овие избори ќе ‘влезе’ со стотици фантомски гласачи“, изјави Синиша Станковиќ, уредник на ЦИВИЛ Медиа на прес- конференциите, одржани вчера во Гостивар, во Струга и во Охрид, кои што ги следеа локалните медиуми.

Мобилниот тим на ЦИВИЛ одржа средби и со претставници на граѓанскиот сектор и на политички партии. ЦИВИЛ ги презентираше своите активности, повикувајќи ги на соработка сите граѓан(к)и во процесот на откривање на сите прекршувања на изборната законска регулатива. ЦИВИЛ ги верификуваше извештаите од мониторинг тимовите на регионално ниво.

Денеска во Битола се спроведува обука за краткорочните набљудувачи од тој регион..

М. Талеска

Print Friendly, PDF & Email