ЦИВИЛ ги поддржува барањата на кумановските средношколци

ЦИВИЛ ги поддржува и охрабрува учениците од средните училишта од Куманово за нивното барање за укинување на законот  со којшто математиката е трет задолжителен предмет за полагање државна  матура.

Kumanovskimuabeti.mk

 

Ученици од пет средни училишта со подршка на ученици од деветтите одделенија од основните училишта, денес по четврти пат ќе излезат на улица. Протестот ќе започне во 14:30 од гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово, а мирниот марш ќе продолжи кон Подрачната единица на Министерството за образование и наука.

Младите како иднина на нашето општество, имаат право на креирање на свои политики и на можност за отворен дијалог со институциите. Ги повикуваме надлежните од Подрачната единица на МОН да ги примат средношколците на дијалог и да ги прифатат нивните барања.

Арбана Ќерими

Print Friendly, PDF & Email