Транспаренси Интернешнл: Изборите мора да се одложат, претседателот мора да поднесе оставка

Оставка од претседателот Ѓорге Иванов и одложување на изборите кои се закажани за 5-ти јуни сè додека не биде пречистен Избирачкиот список вo обид да се ограничи широко распространетата корупција што ја парализира земјата, побара Транспаренси Интернешнл- глобално движење за борба против корупцијата со својот огранок во Македонија.

13149898_1882368635323413_78498540_n

"Македонците се на улиците во знак на протест по бесрамниот потег на претседателот Иванов, да ги амнестира поранешниот премиер Никола Груевски и другите членови на Владата, кои се вклучени во незаконското прислушкување. Кога Груевски беше премиер, наводно, имал тајна служба , на чело со неговиот братучед, која ги снимаше телефоните на повеќе од 20.000 луѓе. Снимените материјали што излегоа во јавноста покажаа дека  членови на Владата на Груевски, наводно, биле вклучени во изборни измами , корупција и прикривање детали за контроверзната смрт", стои во последниот извештај на Транспаренси Интернешнл. 

"За повторно да завладее правото во Македонија и за да може да се одржат слободни и фер избори, ние сме цврсто уверени дека претседателот треба да даде оставка и дека изборите треба да се одложат сè додека не се потврди дека Избирачкиот список е пречистен. Македонија се соочува со корупциска криза на високо ниво", смета Хозе Угаз, претседател на Транспаренси Интернешнл.

Слаѓана Тасева, претседателката на ТИ Македонија, во овој контекст изјави: "Ги поддржуваме луѓето што протестираат на улиците. На сите ни е преку глава од корупцијата во Македонија. Оние што се прогласени за виновни за корупција мора да одговараат за тоа, наместо да бидат амнестирани уште пред да започне истрагата од страна на судовите".

"Транспаренси Интернешнл ја дефинира корупцијата на високо ниво како злоупотреба на власта на високо ниво што носи корист за малкумина на штета на мнозинството и предизвикува сериозна и широко распространета штета за поединците и општеството. Таквата корупција често поминува неказнета. Оваа дефиниција е применлива за она што се случува во Македонија. Без оглед на повиците од САД и Европската Унија, претседателот сè уште не ги поништил одлуките за помилување. Студентите во протест ги фарбаат јавните локации со боја и нивното движење се нарекува „Шарена револуција.“, пишува во соопштението.

Print Friendly, PDF & Email