Скопје - за слобода на изразувањето!

ЦИВИЛ – Центар за слобода денеска со почеток во 20:00 часот кај споменикот на Мајка Тереза организира мултимедијален настан „За слобода на изразувањето“, посветен на слободата на изразувањето, на граѓанското новинарство и на активизмот.

clp-skopje-event-poster-l-copy

На програмата е концерт на „Амон Мра Бенд“, диџејски сет на колективот на ЦИВИЛ (CIVIL Noise Selector), стихови на слободата (поетски перформанс) и видео проекции од прилози на граѓанските новинарки и новинари, кои беа дел од натпреварот „Биди граѓански новинар“.

„Се кине каде што е најтенко“, „Оти нема ЦИВИЛ во Америка“, „Шарена револуција“ се само дел од насловите на кратките видео прилози кои ги подготвија граѓанските новинарки и новинари со што дадоа свој придонес кон демократизација на медиумите и општеството. Тоа што националните медиуми, под диктат на структурите на моќта, не го видоа и не го слушнаа, на јавноста ѝ го претставија токму активистите и граѓанските новинарки и новинари од сите краишта на Република Македонија.

Граѓанките и граѓаните со свои видео прилози, фотографии и вести известуваа за Шарената револуција, за кршењето на човековите права, за манипулациите со гласачкото право и за социјалните неправди.

Голем дел од тие прилози се објавени на YouTube каналот и веб страницата на ЦИВИЛ. Досега се доделени 20 награди за граѓанско новинарство во рамки на проектот „Граѓански објектив“.


Проектот „Граѓански објектив“ е финансиран од National Endowment for Democracy.
Print Friendly, PDF & Email