„Шарената револуција“: Навивачи за слобода!

Додека продемократските демонстранти бараат слобода и правда низ улиците на Скопје, одделни лица наоѓаат и начин за заработка, продавајќи свирчиња, вувузели, балони... Граѓан(к)ите чекаат ред да купат реквизити, за да можат да создаваат уште поголема бучава низ улиците на Скопје, пред Владата и пред Собранието, и така да го изразат својот револт против криминализацијата на политичкиот простор.

13102807_10208829221713145_4753949275342553927_n

„Шарената револуција“ прерасна во еден вид „дерби“ натпревар меѓу граѓан(к)ите - борци за слобода и режимот. Секој ден во 18 часот пред СЈО, од каде што започнува продемократскиот протест, граѓаните носат транспаренти со силни и креативни пораки, маици со натписи за поддршка на СЈО и на „Шарената револуција“, знамиња, беџови..., речиси, како навивачи. За слобода. Дел од демонстрантите – навивачи, во чест на „Шарената револуција“ - си ги фарбаат и лицата...

Дехран Муратов

Print Friendly, PDF & Email