РЕФЕРЕНДУМ ЗА ГТЦ: Отворен повик до членовите и поддржувачите на ЦИВИЛ

ЦИВИЛ ќе го набљудува спроведувањето на Референдумот за задржување на изгледот на ГТЦ кој ќе се одржи на 26 април 2015 година. Ги повикуваме сите членови и поддржувачи на ЦИВИЛ да се пријават во тимот за набљудување најдоцна до петок, 17 април.

За пријавување, потребна е кратка биографија (не подолга од 1 стр.), вклучително и број на лична карта и кратко мотивациско писмо. Бројот на слободни места во набљудувачкиот тим е ограничен.

Ангажманот е волонтерски и ќе ни послужи заеднички да го проследиме првиот локален референдум во Македонија.

ЦИВИЛ ќе одржи обука за набљудување во текот на идната недела, за што ќе има информација до крајот на оваа недела.

Отвори ги очите! Биди дел од набљудувачкиот тим!

 

[email protected] | 02/5209176

Print Friendly, PDF & Email