Продолжува црната кампања во Велес

Изминатава недела, Велес повторно, беше излепен со плакати со кои се продолжува „црната“ кампања и агресивната пропаганда на сметка на активностите на опозицијата.

13414536_10209854195654282_1470857101_n

Според известувањата на набљудувачите на ЦИВИЛ - Центар за слобода од Велес, плакатите  се наоѓаат по должина на улицата „Благој Ѓорѓев“, до кружниот тек кај „Авона“, па сé до плоштадот С'рмаале, односно, релацијата по која се движи Шарената револуција.

13401198_10206118028045158_124215135_n

Пораките беа со информативна содржина за сработеното на ВМРО - ДПМНЕ, и за наводните неуспеси на СДСМ:

„ВМРО – ДПМНЕ отвори три нови фабрики, СДСМ затвори десетици фабрики и фирми во градот“

„ВМРО – ДПМНЕ - нова фабрика во просториите на поранешна „Порцеланка“, СДСМ ја затвори фабриката, а стечајците беа тепани пред Владата, затоа што протестираа“

„ВМРО - нов театар во Велес, а СДСМ ја уништуваа и сé уште ја уништуваат културата и националните вредности“.

Д.Р.

civiv-lenses-logo-en-lf-500x414-500x414Оваа содржина се објавува во рамките на четвртиот круг од натпреварот „Биди граѓански новинар“ на проектот „Граѓански објектив“ на ЦИВИЛ, поддржан од National Endowment for Democracy. Содржината на овој прилог е минимално редактирана од редакцијата на ЦИВИЛ Медиа, соодветно на концепцијата на проектот и на веб страницата.

 

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian