Продемократски протести – четврти ден: Колоната демонстранти тргна од пред СЈО!

„Готово е Никола!“, „Доста беше молк!“, „Мафија штитите!“, „Затвор за фашистите!“, се извиците со кои првите демонстранти собрани пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство, тргнаа кон Собранието на четвртиот ден на протестите на граѓан(к)ите против ненародниот режим кој оневозможува враќање на правната држава во Македонија. На денешните протести се забележува и присуство на неофицијални редари

[youtube width="600" height="344"]https://www.youtube.com/watch?v=Edxv4X1hXxo[/youtube]

Кко и на досегашните протести, демонстрантите бараат суспендирање на распишувањето напредвремните избори, итна оставка од претседателот Ѓорге Иванов, „поради срамниот обид за попречување на правдата и да се ослободат криминалци“,, како и формирање на експертска влада која ќе подготви и организира вистински слободни, веродостојни и демократски избори и ќе и помогне на правдата  да стапи на сила и во Македонија, дури и во случаи на политичари и моќници, за сите нивни извршени злосторства.

13045639_1226820877346093_380744096_n

Print Friendly, PDF & Email